| |
|
| |
|
| |
|
05.03.2007 |
|
| |
|
ПРОМЕНА НА ТЕРМИНИТЕ ВО БиХ
|
|
|
|
Поради доцнењето со изградбата на салата во Сараево се менуваат датумите на сите три концерти во БиХ. Новите датуми се:
23 март - Мостар
24 март - Сараево
25 март - Тузла |
|
| |
|
|
|
| |
|
03.02.2007 |
|
| |
|
САРАЕВЧАНИ СЕПАК ЌЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДА ГИ ВИДАТ ЛЕБ И СОЛ
|
|
|
| |
|
Концертот во Сараево е планиран за 9ти март 2007
година во објектот INTERSTAGE со капацитет од 5.000
посетители кој специјално ќе се отвори за таа прилика
и ќе биде нова концертна локација во Сараево.
Еден ден пред Сараево групата ќе одржи концерт и во
Мостар, а еден ден после во Тузла.
Со овие три концерти проектот "30 години ЛЕБ И СОЛ"
дефинитивно завршува и нема да има никакви дополнителни
концерти иако имаше голем притисок од градови како
Ниш, Крагујевац, Марибор, Подгорица...
|
|
| |
|
|
|
| |
|
30.12.2006 |
|
| |
|
|
| |
|
Со зборовите "Животот е сон, а ова што нам ни се случува е сон" искажани од Влатко Стефановски на крајот од концертот, заврши турнејата на Леб и Сол. И третиот концерт во Сава центаротбеше преполн, но овој пат со поинтимна и посвечена атмосфера поради новогодишните празници. Како раритетни ќе се паметат изведбите на песните "Јовано, Јованке" и "Учи ме мајко, карај ме" во кои тапани свиреа Гаро, Кокан Димушевски и Драгољуб Ѓуричиќ. Авалон ја разгледува можноста за концерт во Сараево. |
|
| |
|
|
|
| |
|
14.12.2006 |
|
| |
|
ПО НАВИКА И ДВАТА КОНЦЕРТА ВО ЉУБЉАНА РАСПРОДАДЕНИ
|
|
| |
|
Публика од цела Словенија дојде да ги види ЛЕБ И СОЛ на единствените концерти во таа држава.
Сe помина како и секаде до сега. На почетокот возбудливо, а од средината до крајот ЕУФОРИЧНО.
|
|
|
|
| |
|
|
|
| |
|
11.12.2006 |
|
| |
|
| |
|
|
|
| |
|
|
|
| |
|
07.12.2006 |
|
| |
|
ВТОР КОНЦЕРТ НА ЛЕБ И СОЛ НА СКОПСКИ САЕМ НА 10ти ДЕКЕМВРИ
|
|
| |
|
Поради до сега незабележан интерес за еден музички настан во Македонија, Авалон Продукција одлучи да пушти и втор концерт на ЛЕБ И СОЛ на Скопски Саем Хала 1 во недела на 10ти декември со почеток во 21:00 часот.
Овој случај е до сега незабележан во македонската музичка историја. Влезниците за вториот концерт во продажба ќе бидат пуштени од петок, а во недела освен на стандардните продажни места ќе може да се купат и во клубовите Тренд и Living Room.
|
|
| |
|
| |
|
|
|
| |
|
04.12.2006 |
|
| |
|
| |
|
Додека чекате уште повеќе да ви го покачиме ионака покачениот адреналин со нови информации топло ви го препорачуваме следниов линк на кој можете да ја прочитате рецензијата за загребскиот концерт на ЛЕБ И СОЛ.
Уште потопло ви препорачуваме да обрнете внимание на последната реченица во самата рецензија :)
http://www.muzika.hr/default.aspx?id=9864 |
|
| |
|
|
|
| |
|
02.12.2006 |
|
| |
|
ПОВЕЌЕ ОД 11.000 ЛУЃЕ НА ХРВАТСКАТА ТУРНЕЈА
КОНЦЕРТОТ ВО ЗАГРЕБ ВЕЌЕ ПРОГЛАСЕН ЗА КОНЦЕРТ НА ГОДИНАТА ВО ХРВАТСКА
|
|
| |
|
Со последниот концерт во Ријека заврши тридневната хрватска турнеја на ЛЕБ И СОЛ.
Сметаме дека нема никаква потреба за никакви информации од наша страна бидејќи до нив можете да дојдете во нашата галерија каде што се наоѓаат исечоци од хрватските весници и нова фото галерија од овие концерти.
Единствено како последно би сакале да ве информираме дека најугледниот и најтиражниот хрватски дневен весник Вечерњни Лист кој се печати во тираж од околу 600.000 примероци во своето саботно издание загребскиот концерт на ЛЕБ И СОЛ го прогласи како концерт на годината во Хрватска, а истата констатација ја даде и реномираниот ТВ критичар Анте Батиновиќ во извештајот од концертот кој, верувале или не, одеше во централниот ТВ дневник на ХТВ1 во среда 27.11.2006 во 19:30 часот.
Комплетната екипа која работи на турнејата од денес ги почнува подготовките за сите нас сепак најважниот концерт на ЛЕБ И СОЛ на 9ти декември во првата хала на Скопски Саем.
|
|
| |
|
|
|
| |
|
29.11.2006 |
|
| |
|
ВЕЛИКИ ТРИЈУМФ И У ПУНОМ ДОМУ СПОРТОВА
|
|
| |
|
Ова е насловот превземен од денешното издание на хрватскиот весник Вечерњи Лист. На концертот во Загреб присуствуваа повеќе од 4.000
посетители кои еуфорично го поздравија речиси 3 часовниот
свирачко - технолошки спектакл.
ЛЕБ И СОЛ и АВАЛОН во Загреб дојдоа да ги поздрават и нивните пријатели: Аки Рахимовски, Гобац, Спарка и Брада од Психомодо Поп, Борис Лајнер и Јурица Падјен од Азра, Тарик Филиповиќ, Никса Братос и многу други.
На концертот присуствуваше и Каролина Гочева која истата вечер настапуваше во Загреб на манифестацијата Queen of Croatia.
Хрватското цунами завршува денес со концерт во Ријека.
Во продолжение две фотографии од загребскиот концерт.
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
|
| |
|
28.11.2006 |
|
| |
|
ГЛАЗБЕНИ ТСУНАМИ СА ГРИПА!
|
|
| |
|
Ова е насловот кој што легендарниот хрватски новинар Златко Гал го користи во рецензијата која е на две страни објавена во весникот " Слободна Далмација", а во текстот продолжува:
"Без оглед на носталгијата, ретро трендовите и сите надворешни фактори пресудно за највисоката можна оценка која ја добива Сплитскиот концерт и целата турнеја на ЛЕБ И СОЛ е нивната сензационална свирка".
П.С. Сметаме дека било каков дополнителен коментар на ова не е потребен. Текстовите со наслов "Након 30 година опет завладала ЛЕБОМАНИЈА" и "Величанствени и 30 година послије" можете да ги најдете во хрватските весници Вечерњи Лист и 24 сата.
Концертот во Загреб следи вечер.
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
|
| |
|
25.11.2006 |
|
| |
|
ВО БАЊА ЛУКА ПОВЕКЕ ОД 6.000 ПОСЕТИТЕЛИ!
|
|
| |
|
"Еееее, стари добри БОРИК" - рече шефот на обезбедувањето на Бањалучката сала кога ЛЕБ И СОЛ се качуваа на сцена, па продолжи:
"Вака салата не била исполенета од 80 и некоја, од Дугме со Тифа?!"
Концертот на ЛЕБ И СОЛ во Бања Лука е доживеан и прогласен за најголемо културолошко и музичко доживување во последниве 20 години во целиот регион. На распаметената публика бендот им се оддолжи со трочасовна свирка. Како куриозитет да напоменеме дека имаше неверојатни 4 биса бидејки публиката едноставно не сакаше да ја напушти салата и поради тоа бендот ја отсвири за крај уште еднаш, по вторпат, Учи ме мајко карај ме.
Според членовите на бендот петочниот Бањалучки концерт е можеби најдобриот концерт на ЛЕБ И СОЛ, не само на досегашниот тек на турнејата, туку и во изминативе 30 години. Навистина имаше некоја чудна хемија во воздухот на 24ти ноември во Бања Лука, како да градот уште од раните утрински часови дишеше со ЛЕБ И СОЛ.
Уште да напоменеме дека на денот на концертот ЛЕБ И СОЛ и АВАЛОН беа примени (на нивно барање) од претседателот на парламентот на Република Српска и од градоначалникот на Бања Лука.
Приказната продолжува во Сплит, Загреб и Ријека...
|
|
| |
|
|
|
| |
|
24.11.2006 |
|
| |
|
ОД ПОНЕДЕЛНИК 27.11.2006 ВО ПРОДАЖБА И ВИП ВЛЕЗНИЦИ ЗА СКОПСКИОТ КОНЦЕРТ
|
|
| |
|
Покрај регуларните влезници за концертот во Скопје кој ќе се одржи на 9ти декември во Хала 1 на Скопски Саем, од понеделник 27ми ноември во продажба ќе бидат пуштени и ВИП влезници по цена од 1.000 денари.
И овие влезници ќе може да се набават на вообичаените продажни места. Посетители со ВИП влезниците ќе може да го следат концертот од галеријата во Хала 1 која ќе биде комплетно реновирана.
|
|
| |
|
|
|
| |
|
23.11.2006 |
|
| |
|
ФОТОГРАФИИ ОД КОНЦЕРТОТ ВО НОВИ САД
>> |
|
| |
|
Без коментар. Сликите говорат се. Посетете ја нашата галерија.
|
|
|
|
| |
|
|
|
| |
|
20.11.2006 |
|
| |
|
ТРЕТ КОНЦЕРТ ВО САВА ЦЕНТАР НА 28ми ДЕКЕМВРИ!!!
|
|
| |
|
На денешната прес конференција во Танјуговиот прес центар во Белград на која присуствуваа членовите на групата ЛЕБ И СОЛ, Авалон Продукција и директорката на Сава Центар Јасна Димитријевиќ, беше ексклузивно најавен и трет концерт на ЛЕБ И СОЛ во Белград на 28.12.2006.
Како што кажа самата директорка во своето кратко и ефектно излагање, третиот концерт се одржува поради огромен интерес и распродавање на претходните два концерта. Г-ѓа Димитријевиќ изјави дека е многу задоволна што на нејзина изричита молба АВАЛОН Продукција го потврди 28ми декември како датум за третиот концерт кој фактички ќе биде и затворање на коцнертната сезона во Сава Центар.
Влезниците за третиот концерт со просечна цена од 25ЕУР ќе бидат пуштени во продажба од 22.11.
Со импресиите од вчерашниот концерт нема премногу да ве замараме. За она што се случуваше вчера во Сава Центар ќе ја искористиме изјавата на вториот човек на таа институција Вук Жугиќ: "Повеке од 20 години работам во оваа фирма. Во Сава Центар свиреле стотици светски имиња, но ова што се случи вчера, Белград до сега го нема ниту видено ниту дозивеано."
Инаку концертот траеше 2 цаса и 45 минути, имаше 3 биса од кои последниот беше со комплетно запалени бели светла во целата сала?!?
После вечерашниот концерт, утре дел од екипата оди директно за Бања Лука, а дел се враќа за Скопје.
Приказната продолжува во петок вечер во бањалучката сала БОРИК.
|
|
| |
|
|
|
| |
|
19.11.2006 |
|
| |
|
ВО НОВИ САД РАСТУР, БЕЛГРАДСКИТЕ КОНЦЕРТИ РАСПРОДАДЕНИ!!!
|
|
| |
|
Не постојат зборови со кои може да се искажат предизвиканата возбуда, квалитетот на свирката и френетичната реакција на петилјадната публика во големата Хала на Новосадски Спенс на синоќешниот концерт на ЛЕБ И СОЛ.
Концертот траеше неверојатни 2часа и 50 минути!?
Поради сето ова тука ќе прекинеме со описите на овој концерт затоа што колку и да се тие реални не можат релевантно да го опишат доживеаното.
Екипата на ЛЕБ И СОЛ и АВАЛОН истата вечер веднаш после концертот се пресели во Белградскиот Интерконтинентал за да навремено се отпочне со подготовките за Белградските концерти во Сава Центар кои уште во петокот вечер, се разбира, беа распродадени.
Фотографии од концертот во Нови Сад наскоро.
|
|
| |
|
|
|
| |
|
18.11.2006 |
|
| |
|
ЗАКАЖАНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА АВАЛОН И ЛЕБ И СОЛ ВО БЕЛГРАД |
|
| |
|
Во понеделник 20ти ноември со почеток во 13:00 часот во прес центарот на ТАНЈУГ на Кнез Михајлова 6 во Белград ќе се одржи прес конференција на која ќе бидат соопштени впечатоците од, до тогаш, одржаните концерти на ЛЕБ И СОЛ во Нови Сад и Белград, но ќе бидат и најавени нови интересни моменти за турнејата.
Интересно е тоа што прес центарот на Танјуг во Белград ќе биде поврзан прес центарот на Танјуг во Бања Лука од каде тамошните новинари ќе може активно да учествуваат во прес конференцијата преку видео врска.
Сите поединости од оваа прес конференција ќе бидат објавени на нашиот сајт.
|
|
| |
|
|
|
| |
|
17.11.2006 |
|
| |
|
ПРИЈАТЕЛИТЕ ГИ ИСПРАТИЈА ЛЕБ И СОЛ И АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА НА ТУРНЕЈА
|
|
| |
|
Вчера во клубот Hard Rock во Скопје имаше неформално дружење на членовите на групата ЛЕБ И СОЛ, Авалон Продукција во комплетен состав и сите останати членови на екипата кои во петок заминуваат на турнејата на ЛЕБ И СОЛ.
На неформалното дружење присуствуваа и пријателите, претставници на медиумите, спонзорите.
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
15.11.2006 |
|
| |
|
САРАЕВСКИОТ КОНЦЕРТ ОДЛОЖЕН, НОВИ ДАТУМИ И КОНЦЕРТИ НАСКОРО...
|
|
| |
|
Сараевскиот концерт, првобитно планиран за 02.12.2006 се одлага од технички причини.
АВАЛОН ги разгледува можностите Сараево сепак да биде вклучено во турнејата во некој друг датум.
Други концерти и датуми на турнејата ќе бидат објавени наскоро.
|
|
| |
|
|
|
| |
|
10.11.2006 |
|
| |
|
ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА СКОПСКИОТ КОНЦЕРТ ВО ПРОДАЖБА ОД 20ти НОЕМВРИ |
|
| |
|
Влезниците за концертот во Скопје кој ќе се одржи на 9ти декември во
Хала 1 на Скопски Саем ќе бидат пуштени во продажба од 20ти ноември.
Цената на влезниците ќе биде 600 денари, а ќе може да се набават во Чув
Де Чув, Југотон, Розе - Веро2, Тобако 1, 2 и 3, Камарад - ТЦ Рамстор и
низ цела Македонија.
Поради големиот интерес за концертот, до 20ти ноември ексклузивна резервација ќе може да се направи преку www.macedonia.co.uk |
|
| |
|
|
| |
|
|
|
| |
|
29.10.2006 |
|
| |
|
ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА КОНЦЕРТИТЕ НА ЛЕБ И СОЛ
|
|
| |
|
Според известувањата од страна на локалните партнери на Авалон
интересот за концертите на ЛЕБ И СОЛ е навистина огромен. Како доказ за
тоа е и фактот дека првиот концерт во Белградскиот Сава Центар е речиси
распродаден. На концертите во Сава Центар како единствен и
специјален гостин ќе настапи Драгољуб Ѓуричиќ. Легендарниот тапанар
заедно со своите пријатели ќе ги отсвири песните Бистра вода и
Калабалак, песни кои тој ги свиреше на студиските албуми на ЛЕБ И СОЛ.
|
|
| |
|
| |
|
24.10.2006 |
|
| |
|
ПРОМЕНА НА САЛАТА ВО ЉУБЉАНА |
|
| |
|
Авалон
Продукција одлучи наместо во салата Тиволи во Љубљна да се одржат два
концерта во најрепрезентативната сала во Словенија - Цанкарјев Дом.
Концертите се закажани за 12 и 13 декември.
|
|
| |
|
| |
|
24.10.2006 |
|
| |
|
ВО ПРОДАЖБА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА КОНЦЕРТИТЕ ВО БЕЛГРАД, НОВИ САД, ЗАГРЕБ, РИЈЕКА И СПЛИТ |
|
| |
|
| |
|
|
|
23.10.2006 |
|
|
|
ПРОМОТИВНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ НА ЛЕБ И СОЛ |
|
| |
|
Во
текот на изминативе десетина дена Авалон и Леб и Сол имааа успешни
промотивни прес конференции низ поранешна Југославија. Очекувано сите
прес конференции предизвикаа огромен интерес кај медиумите кои не го
сокриваа задоволството од повторното соединување на групата и нивните
повторни концерти.
Првиот прес
беше одржан во медија центарот на Сава Центар. На овој прес
присуствуваа повеќе од 100 новинари, фоторепортери, камермани. Влатко,
Бодан, Кокан и Гаро имаа учества во централните вести на сите еминентни
ТВ станици, а имаа и повеќе од 30 интервјуа и гостување во радио
програми.
Следниот прес се случи во Нови Сад во студиото "М" на РТНС каде што Леб
и Сол го снимија својот прв албум. Исто како во Белград и во Нови Сад
интересот од страна на медиумите беше огромен. По неколкудневна пауза бендот одржа прес конференции и во Сараево, Загреб и Бања Лука.
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
| |
|
05.10.2006 |
|
| |
|
Шар планина - нова песна на Леб и сол |
|
| |
|
Во
сабота на 23ти септември Влатко, Бодан, Кокан и Гаро започнаа со
реализација на нивната нова песна после 10 години. Во Скопското студио
"Тра, ла, ла" членовите на ЛЕБ И СОЛ ја снимија песната "Шар Планина".
Моментално песната е во фаза на миксање и продукција и се очекува
нејзино премиерно претставување да се случи кон крајот на месец
октомври за кога е планирано и издавањето на ДВД и ЦД изданијата со
концертните снимки од концертите во Битола и Охрид. |
|
| |
|